Раста ја дели ќелија со поранешен фудбалер на Партизан кој е осомничен за убиство

Раста ја дели ќелија со поранешен фудбалер на Партизан кој е осомничен за убиство

пред 6 години

Раперот Стефан Џуриќ Раста во затворската ќелија ја дели со Никола Малбаша, поранешниот фудбалер на Партизан, кој се сомничи за обид за убиство, пренесуваат српските медиуми.

Раста беше уапсен на почетокот на октомври поради поседување на дрога, а неодамна му беше и продолжен притворот поради сомнение дека би можел да го повтори кривичното дело.

„Малбаша и Раста завршија во иста ќелија, иако нивните кривични дела целосно се разликуваат. Малбаша е осомничен дека на почетокот на јули се обидел да убие нарко дилер, додека Раста се терети за недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги. Но, она што им е заедничко е тоа што и на двајцата им е продолжен притворот, затоа што судот проценил дека постои основано сомнение дека би можеле да влијаат на сведоците или да го повторат кривичното дело. Поради тоа не им е дозволено да се бранат од слобода“, вели неименуван извор и открива дека Ѓуриќ не бил воодушевен од тоа што не е сам во ќелијата.

Фудбалерот Никола Малбаша се сомничи дека на 8. јули оваа година со нож му задал неколку убоди на нарко дилерот на кој му должел пари.

„Едно од барањата кои го побарал тимот на адвокати на Раста, од самиот почеток било, раперот да биде сам во ќелијата. Тие објасниле дека станува збор за јавна личност и дека делењето на ќелија со други затвореници може да му ја загрози приватноста. Раста бил непријатно изненаден со фактот дека со кој било може да ја дели ќелијата, а не пак со човек кој се сомничи за убиство. Тој ги замолил адвокатите брзо да реагираат и да побараат премесување, за никој да не дознае во каква ситуација се наоѓа. Тие му одговориле дека тешко ќе успеат да му ја исполнат желбата, со оглед на тоа што, притворот му бил продолжен. Со самото тоа, пејачот ќе мора да се навикне во затвор да не глуми ѕвезда и да поставува услови, бидејќи му се заканува казна од три до 12 години“, дополнува изворот и истакнува дека фудбалерот и раперот досега добро се согласуваат.

„Иако Раста е незадоволен со тоа што има цимер, засега двајцата се во коректни односи и не прават проблеми. Се трудат да одржат мир во ќелијата. Привремено разговараат и засега не постои никаков проблем. Кој знае, можеби на крајот ќе се здружат и ќе станат најдобри пријатели. На крајот на краиштата, осудени се еден на друг“, вели изворот.

 

Share
Scroll to Top