Рецепт за печен кромид со вино

Рецепт за печен кромид со вино

пред 2 години

Состојки за печен кромид: 900 гр кромид исечен на четвртинки, 125 мл црвено вино, 3 супени лажици маслиново масло, 1 лажица шеќер, ½ лажичка сол.

dobivaj vesti na viber

Подготовка на печен кромид: Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Кромидот исчистете го и исечете го на четвртинки. Распоредете го на плех за печење. Во тенџере измешајте ги виното, маслиновото масло, солта и шеќерот. Истурете ја смесата врз кромидот. Покријте го плехот со алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна 30 минути. Потоа извадете ја фолијата, измешајте го кромидот и печете уште 30 минути додека да омекне и да се карамелизира. 

Share
Scroll to Top