Состојки:
– 300 гр шлаг од ванила
– 3 дл ладно млеко
– 3 дл густ јогурт
– 100 гр шеќер или по вкус
– 100 гр шумско овошје
– 2-3 листови свежо нане
– 1 лажичка рендана кора од лимон
Подготовка:
Изматете го шлагот со млеко и шеќер. Постепено додавајте го јогуртот додека продолжувате да ја матите смесата.
Сладоледот поделете го на два дела.
На едното додадете мелено шумско овошје, а на другото кора од лимон и сечкани листови нане.
Истурете во чинии и чувајте во замрзнувач неколку часа.
Пред сервирање, украсете го сладоледот со свежи бобинки и листови од нане.
По вкус, можете да додадете повеќе шеќер, во зависност од тоа колку е сладок шлагот.
На овој начин можете да подготвите и сладоледи со различни вкусови. Можете да додадете јаткасти плодови, бисквит, чоколадо.