Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, легендарните „Рибља Чорба“, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонија на 31. јули на Античкиот театар во Охрид. Публиката ќе има можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој остави траен печат во балканската рок историја. Бора Чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели под отворено небо, на добра журка за која велат дека е загарантирана. Концертот почнува 21.30часот.