Главниот град на Латвија, Рига, од јануари 2023 година, ќе наплаќа туристичка такса за ноќевање. Оваа такса нема да се наплаќа за деца и помлади од 18 години.
Таксата ќе биде 1 евро за ноќевање за турист. Максималната такса ќе изнесува 10 евра, што значи дека туристите кои ќе престојуваат подолг период нема да плаќаат високи суми.
Од градот изјавиле дека парите собрани со туристичка такса ќе се користат за спроведување проекти за поддршка на туризмот и развивање туристичка инфраструктура, како и промоција на Рига на меѓународно ниво.
Рига претходно планираше да воведе туристичка такса во 2021 година, но планот беше одложен поради пандемијата.
Туристички такси се наплаќаат во многу популарни дестинации, како Берлин, Амстердам, Рим, Венеција, Виена, Брисел, Лисабон и други.