Роналдо 100 гол против Арсенал му го посвети на починатиот син

Роналдо 100 гол против Арсенал му го посвети на починатиот син

пред 3 години

Кристијано Роналдо, својот 100 гол кој го даде на натпреварот со Арсенал, му го посвети на својот син кој трагично почина за време на породувањето. Роналдо откако се врати во тимот на Манчестер Јунајтед, по неговиот гол ја подигна левата рака и покажа кон небото

Роналдо даде гол во првото полувреме, а поддршка доби од сите навивачи на Олд Трафорд кој станаа и го поздравија со аплауз во седмата минута од натпреварот во знак на солидарност.

За потсетување, Роналдо и неговата партнерка Ѓерогина Родригез, пред пет дена објавија дека едно од нивните новородени близнаци почина. Од клубот му дозволија на Роналдо во тие моменти да биде со семејството. Потоа тој ја објави првата семејна фотографија.

„Доме слатки доме. Ѓио и нашето девојче конечно се со нас. Би сакале да ви заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка ни е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта која ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го дочекавме“, рече Роналдо кој доби голема поддршка од фановите.

„Љубов и здравје за сите вас. Прекрасно семејство. Ви посакувам сè најдобро“, му порачаа тие.

Роналдо и Ѓоргина веќе имаат четири деца од кои едно е нивно биолошко. Претходно сурогат мајка им роди три деца. Минатата година тие открија дека чекаат близнаци.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top