Сашка Петковска, музичката ѕвезда која загина во сообракајна несреќа секогаш ќе остане приказна за која се раскажува

Сашка Петковска, музичката ѕвезда која загина во сообракајна несреќа секогаш ќе остане приказна за која се раскажува

пред 3 години

Една од нашите најпознати музички ѕвезди, Сашка Петковска загина на 31 август 1983 година на 32-годишна возраст. Причина за смртта беше тешка сообраќајка која се случи кај селото Градобил, на патот Куманово – Свети Николе. Покрај неа животот го загубија и тројца членови на нејзината балетска група „Авона”, со кои одела на концерт во Свети Николе.

Петковска својата слава ја стекна во седумдесеттите години од минатиот век, кога беше голема музичка ѕвезда и модна икона. А зад себе остави огромно богато музичко наследство. Нејзините хитови Бакни ме“, „Никогаш, никогаш“, „Грижа“, „Среќна сум што живеам“, „Чувство“, „Чао, адио“, „Запри срце“ до ден-денес се пејат.

Своите први музички почетоци ги започна со музичка група во Битола. Набрзо потоа настапи и во Италија, на познатиот фестивал во Сан Ремо, каде го освои третото место во делот за млади пејачи Кантаџиро (Cantagiro).

Настапуваше со бројни познати музички ѕвезди како Киќо Слабинац и Здравко Чолиќ, групите Нови Фосили и Седуммина млади, а соработуваше со познати автори на популарна музика како Славе Димитров, Кире Костов, Димитар Масевски и многу други.

Сними педесетина песни за продукцијата на МРТ меѓу кои и хитовите: „Што ли да ти кажам“; „Песно моја“; „Може ќе те сретнам“; „Најмил мој“ и др. А покрај солистичката кариера, беше член и на групата „Македонија“.

Покрај настапите на бројните фестували на забавни мелодии во Македонија, учестуваше и надвор од државата, меѓу кои и натпреварот „Орфеј“ во Бургас, Р Бугарија. Таа доби Прва награда за интерпретација на композицијата „Еден пораз не е крај“ во Суботица, Втора награда за интерпретација на „Толку љубов“ во Бургас, Прва и Втора награда на Фестивалот за забавни мелодии – Скопје за „Никогаш, никогаш“ и „Бакни ме“.

Во својата кариера сними преку шеесетина снимки, гостуваше во неколку емисии на просторот на поранешна Југославија, на Радио Скопје, на бројни шоу емисии и настапи на ТВ Скопје, ТВ-шоу на австриската телевизија и снимка за Интервизија. Но исто така настапуваше и на националните телевизии на Бугарија, Советскиот Сојуз и Полска.

Сашка Петковска беше сопруга на познатиот естраден работник и менаџер Марио Липша, кој долги години беше на чело на најпознатата естрадна институција во Македонија, здружението на естрадни уметници „Естрада“.

Share
Scroll to Top