Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар актер на 25. Меѓународниот фестивал за кинематографија, телевизија, видео и мултимедија филмскиот фестивал АВАНКА 2021, кој се оддржа во Португалија.
Наградата ја доби за улогата на таткото Дејан во филмот „Стикер“ (2019), кој се обидува да биде добар татко и има план да ја запознае својата ќерка, но серијата настани го заплеткуваат во бирократијата. Филмот е во режија на Ѓорѓи М. Унковски.
Коцев ја сподели веста на социјалните мрежи, по што доби честитки од неговите роднини и пријатели.
Покрај него глумат Калина Димитровска, Љупчо Тодоровски Упа, Џевдет Јашари, Симон Мони Дамвески, Димитрија Доксевски, Соња Стамболџиоска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.
Лани филмот имаше промоција на филмскиот фестивал АВАНКА, кој традиционално се одржува веќе 24 години, почнувајќи од 1997 година, па сè до денес.