Една од пејачките на групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ, откри дека има хашимото, неизлечива болест заради која цел живот ќе мора да пие терапија. Таа вели дека заради болеста често ѝ се менувало расположението, косата ѝ опаѓала, а ѝ варирала и тежината.
„Хашимото е хронично заболување на штитната жлезда заради неправилната работа на имунолошкиот систем, но, за жал е болест што не може да се излечи. Јас до крајот на животот ќе мора да земам терапија за да ја контролирам. Додека не открив за што станува збор, се соочував со многу проблеми, ми паѓаше косата, слабеев и се здебелував неконтролирано. Понекогаш и сега имам хроничен замор, ми се менува расположението, но сето тоа се нус-појави на терапијата што ја земам“, рекла Сања во интервју за „Свет“.
Таа додава дека сега ѝ е полесно, оти сфатила дека тоа ќе биде составен дел од нејзиниот живот засекогаш.
„Не се жалам, океј сум, сето ова ми стана нормално“, рекла таа.
Сања, со девојките од „Хурикејн“, неодамна промовираше три нови песни, меѓу кои и преработката на „Чаје шукарије“ од Есма. Популарната група требаше да ја претставува Србија на Евросонг во Холандија оваа година, а РТС пред неколку недели потврди дека тие ќе бидат српски претставнички на Евровизија догодина.