Свештеник на Малта потрошил 150.000 евра на порно-сајтови: Бев во сексуална криза

Свештеник на Малта потрошил 150.000 евра на порно-сајтови: Бев во сексуална криза

пред 4 години

Католички свештеник е обвинет дека проневерил 500.000 евра донации, а од нив 150.000 евра потрошил на порнографски сајтови, објави „Тајмс оф Малта“. Свештеникот Лук Сегуна им рекол на полициските инспектори дека тоа го направил затоа што бил во „сексуална криза“, пишува весникот.

dobivaj vesti na viber

Обвинителите успеаја да откријат шестцифрени суми платени на компании поврзани со страници кои прикажуваат секс во живо. Уплатите траеле неколку години.

Сегуна, кој е парохиски свештеник на југот на Малта, се изјасни за невин во случајот што се поведе против него, но црковните власти го суспендираа до крајот на постапката.

Сегуна имал неколку стотици илјади евра на неколку лични банкарски сметки, иако неговата годишна плата била само 20.000 евра. Освен пари, тој поседувал и колекција од пет мотоцикли и два автомобила.

Обвинителите велат дека Сегуна добил чекови од неколку илјади евра од постар член на парохијата. Старецот, кој во меѓувреме починал, боледувал од деменција кога ги напишал чековите, соопштиле тие пред судот. Сегуна во своја одбрана рекол дека чековите се всушност враќање на донации кои свештеникот му ги дал на старецот, но обвинителите тврдат дека тие требале да бидат поделени на локалните хуманитарни здруженија.

Share
Scroll to Top