Поранешниот рапер Машин Ган Кели зборува за неговата ментална борба во нов документарен филм. Но и како неговата вереница и актерка Меган Фокс влијаела на сето тоа.
Поранешниот рапер во својот нов документарец зборува за најтешките животни периоди и за вознемирувачкиот телефонски разговор кој го остварил со Меган Фокс, набргу по смртта на неговиот татко. Машин Ган Кели во новиот филм открива дека имал многу мрачен период по смртта на неговиот татко во 2020 година, па дури и размислувал за самоубиство. По тешкиот период во животот, поранешниот рапер, чие вистинско име е Колсон Бејкер, оваа година го издаде албумот „Mainstream Sellout“, кој стигна до првото место на музичката топ листа на Билборд 200.
Во документарецот, Машин објаснува дека по смртта на неговиот татко во јули 2020 година, бил сосема сам, додека Меган Фокс била во Бугарија на снимање филм. Тој имал параноични напади, и мислел дека некој ќе дојде да го убие, па и затоа често спиел со пиштол до својот кревет.
Тој раскажува дека со помош на Меган успеал да се излечи од зависност со дрогата и да живее нормален живот.