Се породи Парис Хилтон, првпат стана мајка од сурогат жена

Парис Хилтон доби дете од сурогат-мајка

пред 2 години
Парис Хилтон со сопругот Картер Реум го добија првото дете. Бебето го доби од сурогат мајка, а убавата вест ја потврди за „Пипл“ магазинот. Сподели и фотографија од синот.

„Веќе толку си сакан што е невозможно да ти опишам“, рече Хилтон, која за „Пипл“ откри дека отсекогаш ѝ било сон да стане мајка.

„Среќна сум што со Картер се пронајдовме еден со друг. Двајцата сме возбудени и ќе го градиме семејството заедно. Срцата ќе ни пукнат од љубов за нашиот син“, рече Хилтон која не го откри името за бебето. Ова за неа е прво дете, додека Картер веќе има ќерка со реалната ѕвезда Лорен Белиз.

Share
Scroll to Top