Северина на својот профил на Инстаграм ја објави новата песна „Верувам во Бога“ која премиерно ќе ја објави во четврток на 8 декември точно напладне. Како што појаснува пејачката песната е резултат на уметничкото искуство на животните предизвици на Северина и искуствата на двајца уметници.
Филип Милетиќ, се потпишува како продуцент, композитор и аранжер на песната, додека Дино Мерлин го напиша текстот.Северина во спотот се појавува облечена како калуѓерка, а фустанот кој го носи е од дизајнерскиот бренд „Коперни“, кои се основачи и дизајнери на модната недела во Париз и кои го насликаа фустанот на Бела Хадид во живо со спреј. Додека бодито кое го носи Северина и долгиот црн фустан без прерамки од видеото се дизајнирани од Матија Вујица.
„Далматинка која ги поминала сите сита и решета што Бог може да и ги постави на жената, Северина покажа дека е успешна во преживувањето на бродолом, дури и кога ќе ја скршат на атоми“, тоа е жената за која Сееврина пее во песната „Верувам во Бога“ и преку која всушност ја доведува во прашање својата вера и искрено и цинично се навраќа на своите грешки во животот, напиша пејачката на објавата на Инстаграм.