Северина: Ја снимив песната „Дали сум убава“ за сите оние кои го делат мојот поглед на светот

Северина: Ја снимив песната „Дали сум убава“ за сите оние кои го делат мојот поглед на светот

пред 7 часа

Северина сподели интересна објава на социјалните мрежи.

„Снимив нова песна, која можеби ви звучи познато, но овој пат се вика ‘Дали сум убава’ и сакам да ја споделам со сите кои го делат мојот поглед на светот и идеологијата. Видеото е снимено во катастрофално нискобуџетна продукција, сакајќи да ја покаже синергијата на жената и природа и сосед кој или го чисти базенот или лови слатководни риби (што е фигуративно значење, ако ме познавате)“, напиша таа на почетокот на објавата.

„Стајлингот беше внимателно избран, се двоумев помеѓу овој и другиот, но во овој сум поубава, што го оправдува самото име на песната“, продолжи таа во описот на видеото.

„Даската за месо не служи само како метафора за стихот „дури и да бев рамна како даска“, туку многу внимателно служи и како чанта додека Северина шета покрај базенот полн со вода, што е симболично. Можеше да биде празен базен, што е исто така симболично, но за друга песна“, напиша пејачката.

Share
Scroll to Top