Тинејџери од Скопје развија 3Д испринтана бионичка рака 30 пати поевтина од претходно направените

Тинејџери од Скопје развија 3Д испринтана бионичка рака 30 пати поевтина од претходно направените

пред 3 години

Четири средношколци од Скопје, Борис Ночески (17), Анамарија Илиева (17), Тео Китановски (16) и Орхан Бахашов (17) со помош на 3Д принт технологија создадоа бионичка рака која е лесна за користење, а чини само 1/30 од цената на моментално постоечките протетики. Младите иноватори бионичката рака, неречена „ВенусАрм“, ја создадоа во нивната комоанија еБионикс.

„Постоечките бионички раце се тешко достапни, тие чинат илијадници долари, можат да бидат купени во неколку развиени држави и мора постојано да се менуваат особено за млади личности кои растат“, вели Борис кој e ко-основач на еБионикс.

Милиони луѓе на глобално ниво страдаат од некаков проблем со горните екстремитети кои можат да го пореметат физичкото и менталното здравје и да ги спречат луѓето да си ги вршат секојдневните обврски. Протетички раце и вештачки екстремитети им помагаат да бидат понезависни и полесно да си ги вршат обврските, но голем проблем е што протетиките се скапи и мораат редновно да се менуваат, особено кај младите што растат и чие тело се развива.

„ВенусАрм“ е 30 пати поевтина од втората најевтина бионичка рака што е претходно направена. Таа може да се испринта на 3Д принтер за еден час, а секој може да ја испринта сам, користејќи ги инструкциите кои се дадени на веб-страната на еБионикс.

„Нашата ‘ВенусАрм’ е целосно испринтана со 3Д и користи мускулни сензори за да дозволи флексибилно движење што му помага на корисникот во секојдневниот живот. Затоа е лесно прилагодлива за секој. Бионичките раце земаат сигнали од корисникот од истите мускули кои ја движат човечката рака, додека специјално изградени сензори земаат електрични сигнали и ги користат за да ја движат раката“, вели Борис.

„Ние веруваме дека овие проблеми можат да бидат решени со поинаков пристап до технологијата за бионички раце. Иако можеби луѓето не веруваат во ова што го правиме затоа што сме многу млади, ние имаме визија што се трудиме да ја оствариме“, додава тој.

Share
Scroll to Top