Дваесет и едногдишната Елизабет Џејкобс, студентка по филм и маркетинг на Универзитетот Масачусетс, наскоро ќе излезе со нов документарен филм под името „Украдени деца“, во кој се раскажува за украдените деца од Камбоџа, а подоцна нивно посвојување.
Документарниот филм ќе има за цел да укаже на потенцијалните неетички методи во процесот на посвојувањето на деца од Камбоџа.
Едно од тие деца е и синот на Бред Пит и Анџелина Џоли, Медокс, за кого се претпоставува дека бил украден од семејството, а подоцна предаден на Џоли. Глумицата го посвои Медокс во 2002 година, но, таа тврди дека кога го добила, била убедувана дека неговото семејство не е живо.
Таа вели дека ги има сите потребни документи за да докаже дека Медокс го добила по легален пат. Во процесот Џоли помош добила од агентката за посвојување Лорен Галиндо.
Но, две години подоцна, кога се разоткрил скандалот, Лорен завршила во затвор, а нејзината сестра со која ја водела агенцијата за посвојување, Seattle International Adoptions, Лин Девин, била казнета со парична казна од 150.000 долари.
Двете биле обвинети за фалсификување на документи, односно давање на американски визи за сираци. Шпекулациите дополнително ги засилил и Моунх Саратх, социјален работник и хуманитарец, кој уште пред четири години тврдел дека документацијата за Медокс била лажна.
Тој вели дека и самиот тој се потпишувал на документите како татко, само за да се забрза целиот процес.
Елизабет вели дека е одлучна да дојде до вистината за сите случаи на одземање на децата од нивните биолошки родители, бројка за која се претпоставува дека во периодот од 1997 до 2001 година се движела од 800 до 1600, пишува британски „Сан“.
Овој скандал силно одекнал во јавноста, па американската влада во тој период одлучила да ја тргне Камбоџа од листата за посвојување на деца. Џоли тогаш изјавила дека не знае ништо за илегалната трговија со деца и имала докази дека Медокс бил сираче.
Таа вели дека уште на почетокот инсистирала да ја добие целата документација која покажува дека биолошката мајка на Медокс не е жива. Таа вели дека никогаш не би можела да украде туѓо дете. Џоли и Бред во моментов делат старателство над шест деца.
Покрај Медокс, тие ги имаат и близнаците Вивиен и Нокс, Шајла, Мадокс, Захара и Пакс