Синот на познатиот светски виолинист Најџел Кенеди, Сарк Ив Амадеус Кенеди заврши во затвор, за продавање на дрога. Тој бил фатен со кокаин вреден повеќе од 17.410 евра и сега ќе лежи во затвор 33 месеци.
Сарк (25) бил во својот автомобил кога полицијата го фатила со дрога на 22 јуни. Таа кај него пронашла 400 пакетчиња кокаин. Кенеди на себе имал скап часовник од брендот Ролекс и златен ланец од 8500 евра.
Тој бил уапсен веднаш, но, на официјалните лица им рекол дека не се занимава со продажба на дрога и дека тоа го направил само еднаш.
Како што пренесува „Дејли мејл“, судот подоцна открил дека Сарк бил заглавен до гуша во трговија со дрога и дека тоа го направил за да го подмири својот долг кон другарите, откако уште како тинејџер се навлекол на кокаин.
Тој живеел со својата мајка, некогашната партнерка на Најџел Кенеди Ив, а сега ќе лежи во затвор 33 месеци, откако и самиот признал дека поседува опојни супстанци со намера понатаму да ги продава.
Полицијата кај него пронашла 146 грама или 389 пакетчиња кокаин со 59% чиста улична вредност од 15.560 фунти. Неговиот мобилен телефон „Хуавеи“, со две СИМ картички, исто така бил запленет, а во него биле пронајдени голем број на СМС пораки кои ги испраќал на бројни клиенти, корисници на дрога.
Во полицискиот извештај е наведено дека тој ставил 0,4 грама кокаин во ракавицата за еднократна употреба на бензиската пумпа, која ја продал за 40 фунти.