За незаконските деца и бројните љубовници на принцот Алберт од Монако знае целиот свет, но тој не е единствениот припадник од кралските семејства, кој наводно има незаконски деца.
Некои родители од овој список, своите вонбрачни потомци, како и Алберт ги имаат признаено, додека за другите само се претпоставува.
Кралот Алберт II од Белгија
Со години во Белгија јавна тајна била дека скулпторката Делфин Боел е ќерка на кралот Алберт II. Нејзиното раѓање е резултат на неговата афера со баронката Сибил де Селис Лонсан, а крајот дури минатата година призна дека е нејзин татко, откако Делфин десет години морала тоа да го докажува на суд. Во 2020 година, таа успеала да се избори за истите права како и децата кои нејзиниот татко ги добил во брак.
Интересно е дека Делфин уште во 2005 година јавно рекла дека Алберт е нејзиниот биолошки татко, но дури откако тој абдицирал од престолот. Откако го изгубил имунитетот пред судот, таа ја покренала тужбата. Рече дека мајка ѝ и кажала кој ѝ е вистински татко откако станала полнолетна.
Нејзината мајка Сибил тврди дека била во врска со Алберт, која наводно траела 18 години, пред тој да стане крал и дека тој бил присутен во животот на ќерка ѝ кога таа била мала.
Принцот Чарлс (Велика Британија)
Во 2016 година Сајмон Доранте-Деј, излезе во јавност со тврдење дека тој е тајниот син на принцот Чарлс и Камила. Наводно за тоа му открила жена која го одгледала како негова баба, а која наводно работела за кралицата Елизабета и принцот Филип.
Симон тврди дека Камила со него забременила во 1965 година, пред Чарлс да се ожени со Дајана. Чарлс тогаш имал 17 години, па тврдењата за неговиот наводен син не се нереални.
Доранте тврди дека Камила исчезнала од својот социјален круг најмалку девет месеци пред неговото раѓање, додека Чарлс бил во Австралија. Се верува дека го чувала додека не наполнил осум месеци, користејќи стручна кралска заштита за да го држи бебето во тајност додека не го посвои ќерката на еден од кралските поранешни работници во домаќинството на кралицата.
Симон се обидува преку судски пат да се избори за ДНК тест за да ги докаже неговите тврдења.
Принцот Алберт II (Монако)
Принцот Алберт засега има две вонбрачни деца кои ги има признаено. Јасмин Грејс Грималди и Александар Грималди Коста. Јасмин е неговото најстаро дете кое го добил од кратката врска со Тамара Ротоло. Таа била одгледана надвор од кралското семејство. Со татко ѝ имала контакт до нејзината 11 година.
Синот Александар го добил со поранешна стјуардеса Никол Коста со кого има близок однос. Двете деца ги признал по смртта на неговиот татко принцот Раиниер.
Во тек е и скандалот кој Алберт може да го чини брак. Се појави и тужба за признавање на татковството кое го поднела Мариза С, која тврди дека тој е татко на нејзината ќерка. Алберт негира било каква врска со неа, но, ако таа успее да ги докаже нејзините тврдења, тоа може сериозно да го наруши неговиот брак, пренесуваат медиумите.
Тој е во брак со Шарлот Казираги, принцезата која го носи надимакот за најтажната во светот. Ако ова се покаже како вистина, ќе испадне дека сите вонбрачни деца Алберт ги направил додека бил во брак со неа.
Кралот Хуан Карлос I (Шпанија)
Поранешниот шпански крал Хуан Карлос има три деца. Сегашниот шпански крал Фелипе и принцезите Елена и Кристина. Но, има и двајца луѓе кои тврдат дека Хуан Карлос е татко и на Ингрид Сартиа и Алберто Сола.
Двајцата со години водат кампања за кралот да ги признае како нивни деца, додека тој тврди дека никогаш не ја изневерил својата сопруга, кралицата Софија. Од друга страна се шпекулира дека тој е сериски измамник, а некои одат дотаму што тврдат дека имал 5000 љубовници.
Принцезата Дајана (Велика Британија)
Дајана нема никакво тајно дете, но со години постоеле шпекулации дека принцот Хари не е син на Чарлс. Откако јавно призна дека имала афера со воениот офицер Џејмс Хевитон, некои луѓето тврдат дека Хари многу повеќе личи на него отколку на Чарлс. Од друга страна, Хари исто така личи и на братот на Дајана, Чарлс Спенсер, па неговиот изглед не може да се земе како доказ.
Кралот Алфонсо XIII (Шпанија)
Хуан Карлос не е единствениот шпански крал кој се соочил со проблемот со незаконски деца. Во слична ситуација се нашол и неговиот дедо кралот Алфонсо XIII, чиј вонбрачен син Леонардо Руиз за признанието се изборил дури на 74 години.
Принцезата Маргарет (Велика Британија)
Една од бизарните приказни е онаа за Роберт Браун кој тврдел дека неговата вистинска мајка е британската принцеза Маргарет која наводно го родила во 1955 година. Тој тврди дека бременоста ја криела со помош на двојници, а него го испратиле во Кенија затоа што принцезата тогаш била невенчана. Своите тврдења тој никогаш не успеал да ги докаже.