Сите инциденти на Јована Јоксимовиќ: Ја изневери Северина, па ја подучуваше Розга на мајчинство и јавно понижи колешка

Сите инциденти на Јована Јоксимовиќ: Ја изневери Северина, па ја подучуваше Розга на мајчинство и јавно понижи колешка

пред 4 години

Jована Јоксимовиќ со години е познато ТВ лице, a позната е и по острината и жестоките коментари кон соговорниците. Освен што е водителка, таа е уредник и на утринската програма на ТВ К1, сопственост на нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ.

Јована пред неколку дена стана топ тема во регионот оти во живо се скара со Младен Ѓорѓевиќ, лидерот на движењето „Ослободување“. Кавгата заврши со тоа што водителката го исфрли гостинот од среде емисија, оти овој рече дека Александар Вучиќ е предавник. Ова ја погоди Јована која лута му рече дека не е во ред да се зборува за луѓе кои не биле присутни во студиото. Тој одговори дека Вучиќ е секладе претседател на Србија и дека не може да му нареди што да зборува, Јована во неколку наврати бараше реклами и му рече на гостинот да си оди.

Непријатната ситуација предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, па почнаа да се споделуваат видео клипови од претходните конфликти меѓу Јована Јоксимовиќ и нејзините соговорници, но и нејзини соработници.

На пример, Јелена Розга пред четири години и беше гостинка на Јована во утринската програма на ТВ Прва. Во еден момент водителката почна да зборува за мајчинството. „Мора да си најдете некој. Мислам, не е лесно. Ако љубовта не ви се случи до некоја возраст, треба да сте прагматични. Најдете некого – велите: „Во ред, јас  сум, родена таа и таа година. Одам да најдам некој со кој ќе имам дете“, и рече Јована на Розга, а таа во  женствен стил одговори: „Тоа ми се тешки теми. Рано ми е. По ова Јована упорна продолжи : „Знаеш колку помина. Веројатно две, три години откако беше со нас во програмата и рече сакаш да имаш девојче“. По ова таа беше критикувани во јавноста. Телевизиската куќа сфати во каква непријатна ситуација го стави својот соговорник и поради негативните коментари видеото е отстрането од интернет.

Северина неодамна гостуваше во емисијата „150 минути“ во која и гостуваше на Марија Килибарда. Во еден момент,  пејачката прозборе за Јована. „Ми беше срам во вашата телевизија. Водителката ги објави моите разголени фотографии во утринската програма, кои беа хакирани од мојот телефон. Нашите деца играа заедно,се знам и со нејзиниот сопруг, кој ми е колега. Еднаш дури му напишав репертоар за концерт. Нивнните деца и моето дете играа заедно, се дружевме, како пријатели, но без разлика на тоа, такви работи едноставно не се прават. Тие фотографии ги емитуваше во 10 часот на телевизија. Тоа беше страшно“, рече Северина и додаде дека оттогаш не се слушнала со Јована.

Познато е и дека Јована и Жељко Јоксимовиќ беа на свадбата на Северина и Игор Којиќ, а летото го поминале  заедно, па целата ситуација звучеше упте побизарно.

Исто така, Јована Јоксимовиќ во директен пренос се обиде да ја посрамоти својата колешка новинарка . Среде емисја и рече  „Дали си во депресија“, ја праша Јована Жељка Мрѓа.

Репортерката збунета од таквото саркастично прашање, одговори: „Не, не, не сум. “. Јована реши да ја посоветува колешката во етерот, па и рече: „Добро. Потоа малку повеќе ентузијазам. Да им објасниме на гледачите дека е убаво…“

Твитерџиите ја Јована за недолично однесување кон колешката. Покрај тоа, на сред програма се скарала и со снимател. Водителката му рекла не ја снима одблиску бидејќи сметала дека нема потреба од тоа, и ова ги изнаервирало гледачите.

Share
Scroll to Top