Со ноќи не спијам и само чистам по дома, Бекам во новиот документарец на „Нетфликс“ откри за своето пореметување

Со ноќи не спијам и само чистам по дома, Бекам во новиот документарец на „Нетфликс“ откри за своето пореметување

пред 2 години

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам (47) во новиот документарец зборува за неговото опсесивно компулсивно нарушување пренесе „Дејли Мејл“. Фановите беа изненадени од тоа што тој често останувал навечер во доцните часови и чистел по куќата. Призна дека речиси цел живот се бори со тоа.

„Кога сите одат да спијат, јас одам низ дома и чистам. Ги чистам свеќите, ги враќам прекинувачите за светло на нивните оригинални поставки, проверувам дека сè е во ред. Мразам кога ќе се разбудам и видам наоколу неред. Го сечев восокот од свеќи, го чистев стакло“, рече Бекам.

Открил и дека понекогаш се расправа со сопругата Викторија, а еднаш се скарале за соларникот кој не го нашол на место. Поранешниот фудбалер отвори за се во документарната серија на „Нетфликс“, вредна 16 милиони долари. Покрај борбата со опсесивното компулсивно нарушување, Бекам зборува и за скромните почетоци и за тоа како од момче од работничка класа станал еден од најплатените спортисти во светот.

Документарната серија ќе содржи досега невидени лични архивски снимки од неговите последни четириесет години, како и негови лични интервјуа и на неговото семејство и пријателите.

Share
Scroll to Top