Со одмрзнати полови клетки на починатиот син и сурогат мајка, шпанската актерка Ана Обрегон доби внука

Со одмрзнати полови клетки на починатиот син и сурогат мајка, шпанската актерка Ана Обрегон доби внука

пред 2 години

Поранешната љубов на хрватскиот фудбалер Давор Шукер, шпанската водителка и актерка Ана Обрегон  неодамна стана мајка преку сурогат-мајка. Таа доби девојче, на кое му го даде името Ана Сандра.

Во Шпанија нејзиниот потег покрена жестоки дебати околу тоа дали жена на нејзина возраст треба да биде родител и дали е тоа добро за малото девојче.

 

„Ова беше една од последните желби на мојот син Алекс, кој многу сакаше да има дете“, изјавила Ана и појаснила дека нејзиниот син, кој почина од рак во 2020 година, на смртната постела и рекол дека има три желби, да започне фондација против ракот, да ја доврши книгата што ја пишувал и да основа семејство.

„Сега кога му ја исполнив последната желба на син ми, можам да продолжам да живеам сама “, рекла Ана и открила дека постапката била покрената веднаш по смртта на Алекс, но сурогат мајката имала проблеми со зачнувањето. На крајот процедурата била успешна и се родила Ана Сандра.

„Сега кога ја гушкам Ана се чувствувам како повторно да го гушкам син ми. Не сакам да се оправдувам за тоа што го направив, но тоа можат да го разберат само оние кои го закопале своето дете“, изјавила Ана.

Таа додала дека не е исклучено целата постапка да ја повтори уште неколку пати бидејќи нејзиниот син сакал да има повеќе деца.

Кога Ана ќе порасне, ќе ѝ кажам дека нејзиниот татко бил вистински херој и дека може многу да се гордее со него“, изјавила Ана.

Share
Scroll to Top