Собарки им ги изеле чоколадите на гостите, па завршиле во болница на Миконос

Собарки им ги изеле чоколадите на гостите, па завршиле во болница на Миконос

пред 2 години

Пет собарки на грчкиот остров Миконос биле хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите.

dobivaj vesti na viber

Слатките најверојатно биле со супстанци кои предизвикуваат халуцинации, пишуваат грчките медиуми.

Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога.

Во изнајмените вили, гостите оставаат се и сешто по нивното заминување.

Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, промена на емоциите и халуцинации.

Share
Scroll to Top