post-image

Спиењето подоцна за викенд го продолжува животот

пред 3 години

Едно скорешно истражување во Стокхолм, Шведска, покажало дека луѓето помлади од 65 години кои спијат 5 или помалку часа во текот на ноќта имаат поголем ризик од рана смрт отколку оние кои спијат барем 7 часа во текот на ноќта. Во рамки на истражувањето било утврдено дека оние кои не спиеле доволно во текот на неделата, но успевале да се наспијат добро за време на викендот, имале исто така помал ризик од смртност.

Торбјорн Акерстедт, автор на студијата на Институтот за истражување на стресот на универзитетот во Стокхолм посочува дека должината на спиењето е многу важна за долг живот.

Ова истражување вклучило 38.000 испитаници кои живееле во Шведска, а траело 13 години. Откако биле земени предвид факторите како пол, телесна маса, пушачки навики, физичка активност, истражувачите утврдиле дека луѓето помлади од 65 години кои спиеле помалку од 5 часа во текот на ноќта имале 65% поголем ризик од смрт. Претпоставката е дека оние кои спијат доволно за време на викендот успеваат да се наспијат и да го надокнадат сонот.

Share
Scroll to Top