Српските ватерполити го освоија златниот медал на Олимписките игри во Токио. Тие ја поразија Грција со 13:10, а на интернет се споделуваат фотографии од Грција, на кои можат да се видат и српски и грчки навивачи, како заедно го гледаат мечот на некои од грчките плажи и навиваат.
Голем број од српските туристи деновиве летуваат во Грција, а наместо да уживаат на плажите, повеќето од нив се собрале по кафаните и јавните места и во живо го следеа финалето.
Тие заедно навиваа, но, секој за својот тим. На една од фотографиите која се споделува се гледаат Србинка и Грк, како седат во кафана и ги држат знамињата на двете земји.