Станот полн со ѓубре во центарот на градот, луѓе реагираат затоа што под него има пекара

Станот полн со ѓубре во центарот на градот, луѓе реагираат затоа што под него има пекара

пред 2 години





Голем број луѓе реагираа на грдите слики од центарот во Белград, на кои се гледа стан полн со ќеси со ѓубре. Има толку отпад во станот, па некои од ќесите висат на прозорите.

Еден случаен минувач ја сликал зградата, а голем број луѓе реагираа на социјалните мрежи, коментирајќи дека ситуацијата мора брзо да се реши затоа што под станот има пекара од каде луѓето секој ден купуваат храна. Станот се наоѓа во зграда кај булвераот крал Александар во центарот на Белград.

Засега не е познато дали некој живее во станот и како дошло до толку да биде наполнет со ќеси со ѓубре.

 





Share
Scroll to Top