Двочасовен концерт во антфитеатарот Хераклеја во Битола, синоќа одржа македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски заедно со ансамблот на народни игри и песни „Танец“ во рамките на „Илинденски денови“ и битолското културно лето „Бит фест“.
Битолчани на нозе и со аплауз како во хор пееа на македонските изворни песни. Покрај Влатко Стефановски и Танец, своја изведба имаше и пејачката на народна музка Сузана Спасовска, облечена во автентична носија.
Публиката имаше можност да уживаат во уникатен перформанс на македонските најголеми музички брендови, со аранжмани на антологиските ора „Пелистерско“, „Калајџиско“, „Пајдушко“, „Касапско оро“, како и народните песни „Елено ќерко“, „Јано мори“, „Јовано, Јованке“.
Од најмлади до повозрасни под отворено небо просведочија уште еден концерт на Стефановски, полн со емоции и убава енергија.
Следен коцерт на Стефановски е закажан за на 16 август во Херцег Нови, Црна Гора заедно со Kрагујевскиот академски оркестар за хармоника на овогодинешниот Гитар Арт Самар Фест на тврдината Канли кула.
Фото: https://bitolanews.mk/