Талибанците ѝ ја отсекле главата на одбојкарка од репрезентацијата на Авганистан

Талибанците ѝ ја отсекле главата на одбојкарка од репрезентацијата на Авганистан

пред 2 години

Талибанците ѝ ја отсекле главата на јуниорската репрезентативка на Авганистан во одбојка, Махјабин Хакими, оти играла одбојка без хаџиб. Иако е убиена на почетокот на месецот, веста дури сега ја потврди нејзиниот тренер. Според него, никој не знаел за убиството, бидејќи на нејзиното семејство им се заканиле да не кажуваат.

Махјабин е една од двете спортистки на клубот од Кабул, која не успеа да побегне од земјата кога Талибанците ја презедоа власта на земјата. Младата спортистка била една од најдобрите во клубот.

„Сите спортистки од клубот се очајни и исплашени. Сите бевме присилени да се преселиме на скриени места“, вели тренерот.

Share
Scroll to Top