Игор Џамбазов се потсети на татко му маестро Александар Џамбазов. Глумецот објави црно бела фотографија од него со пејачката Тереза Кесовија, на која и двајцата се насмеани.
„Татко ми Џамбаз со Тереза Кесовија. Фоткава ја најдов во неговата фасцикла со важни документи. Среќа што мајка ми Анче никогаш не го видела ова. Не би ѝ било мило да ги гледа двајцава раскезени. Ко реклама за Каладонт се“, рече Џамбазов.
За потсетување, маестро Александар Џамбазов почина минатата година на 86 години.