Откако фолк пејачот Јордан Митев го откажа настапот во Пеленица за Денот на независноста, затоа што не му било кажано дека е за партиски цели, денес настапот го откажаа и фолк пејачите Татјана и Новица Лазаревски. И нив им било поинаку кажано, па од социјалните мрежи дознале за каков настан станува збор.
„Во врска со настапот на 8 Септември сакаме да информираме дека ние нема да настапиме, а воедно и да дадеме појаснување, што навистина се случи.. Наш колега музичар не покани да настапиме, но ни кажа дека тоа е концерт на „Мерак меана“, телевизиска емисија, која го третира македонскиот фолк. Секако прифативме, бидејќи фолк музиката е нашиот живот. Но, од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор и затоа го откажавме нашиот настап. Нас, како професионални музичари, не не интересира политика, не сакаме да бидеме поврзувани со ниедна партија и ќе останеме доследни на нашата љубов кон музиката и за музиката. Во име на музиката се оградуваме од сите политики. Нашиот престој во татковината , освен да си дојдеме дома, да се видиме со најблиските, пријателите, роднините и публиката е и да создадеме нови македонски фолк песни. Тоа и го направивме, а ќе имате прилика деновиве да ги слушнете нашите две нови песни и видео записи. Нека е за многу години Денот на независноста на Македонија“, велат Татјана и Новица.
Јордан Митев го откажа настапот за 8. септември оти не му кажале дека e партиски одбележан