Телевизиската станица ABC News ги отпушти водителите на утринската програма откако дозна за нивната афера

Телевизиската станица ABC News ги отпушти водителите на утринската програма откако дозна за нивната афера

пред 2 години

Познатите водители Ејми Робач и Т.Ј Холмс се отстранети од утринската програма на ABC News откако шефовите дознале за нивната афера. Место нив се појавиле Стефанија Рамос и Џио Бенитез, кој на почетокот ги известиле гледачите дека нивните колеги земале слободен ден.

Претставничката за медиуми Ким Годвин, објаснила дека не им било лесно да донесат одлуката.

„Сакам да кажам дека нивната врска е во спротивност на правилата на компанијата. Неколку денови размислувавме што да направиме и мислам дека ова беше најдобрата одлука. Ова е нешто за што допрва ќе зборувам, но не сега. Ќе ве замолам да се прекине со трачевите, затоа што мораме да останеме фокусирани на работата“, рече Годвин.

Во јавноста неодамна се појавија заеднички фотографии од популарните водители кога се раширија гласините дека се тргнати од утринската програма.

Како што пренесуваат светските медиуми, одлуката не влијаела на врската на Ејми и Хомс, а не е познато кој во наредните денови ќе ја води утринската програма. Исто така сопругот на Ејми, Ендру Шу, на „Инстаграм“ ги избриша нивните фотографии, а гледачите забележаа дека водителката некое време не носи бурма.

Хомс својата ја имал на раката до пред неколку дена. Како што пренесоа медумите, тие се разделија од партнерите, но не е познато кога точно тоа се случило.

 

Share
Scroll to Top