Тенисерот Енди Мари како деветгодишно дете преживеал масакр во училиште во кој биле убиени 16 деца

Тенисерот Енди Мари како деветгодишно дете преживеал масакр во училиште во кој биле убиени 16 деца

пред 2 години

Легендарниот тенисер Енди Мареј (35) и неговиот две години постар брат Џејми преживеале трауматичното искуство во училиште, кога на 13 мај 1996 година, 9-годишниот Енди се движел кон училишната спортска сала во Данблан, кога 43-годишниот Томас Хамилтон влегол во училиштето вооружен со четири пиштоли и 700 парчиња муниција и почнал да пука.

Убил 16 деца на возраст од 5 и 6 години и една учителка. На крајот и самиот си пресудиl.

Британскиот тенисер долго време не сакаше јавно да зборува за траумите од детството откако го преживеал масакрот на училиште, но во една прилика си ја отворил душата и се потсетил на еден од најголемите масакри во историјата на Шкотска.

„Тенисот е многу важен во мојот живот поради таа траума од Данблан. Сигурен сум дека беше тешко за сите деца, од различни причини. Го познававме тој човек. Кога отидовме во детскиот клуб, тој беше со нас на автобусот“, рекол тенисерот.

Share
Scroll to Top