Македонскиот тенисер Калин Ивановски стигна до осмина-финалето на ИТФ фјучерс-турнирот во Мадрид, кој се игра на тврда подлога.
Ивановски славеше против Французинот Дешамп по два часа игра.
Во борбата за пласман во четврт-финалето Ивановски ќе се сретне со домашниот тенисер Милино, мечот се игра утре, со почеток од 10 часот.