Тестенини со спанаќ во сос од домати

Тестенини со спанаќ во сос од домати

пред 3 години

Состојки: 

  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • маслиново масло
  • 1 прстофат лут буковец
  • 1/2 лажичка сув босилек
  • 1/2 лажичка суво оригано
  • 1/4 лажичка сув рузмарин
  • 250 гр пире од домати
  • 10 шери домати
  • 1/2 лажичка шеќер, по потреба
  • 50 гр спанаќ
  • 1 лажичка сол
  • 1/4 лажичка бибер
  • 200 гр павлака за готвење
  • 500 гр тестенини
  • 70 гр моцарела –
  • 2 лажици рендан пармезан
  • малку магдонос

Подготовка: Истурете маслиново масло во голема тава, потоа испржете ги кромидот и лукот. Додадете го буковецот со останатите суви билки. Кога ќе замирисаат зачините, додадете го пирето од домати, преполовените шери домати и солта. Динстајте на умерена температура околу 20 минути. Ако сосот е покисел, додадете 1/2 лажичка шеќер. После тоа, додадете го спанаќот и сето тоа заедно мешајте го околу две минути. Додадете ги киселата павлака, биберот и варените тестенини во сосот и внимателно промешајте ги. Потоа додадете ја моцарелата исечкана на коцки, ренданиот пармезан и исецканиот магдонос. Кога сирењето ќе почне да се топи, тргнете го од шпоретот. Послужете топло. Пријатно!

Share
Scroll to Top