Тиндер гори во Сплит, стигнаа американските морнари кои бараат згодни Хрватки и геј дечковци

Тиндер гори во Сплит, стигнаа американските морнари кои бараат згодни Хрватки и геј дечковци

пред 3 години

Откако американскиот носач на авиони УСС „Хари С.Труман“ се закотви пред пристаништето во Сплит, илјадници американски војници се пуштија во обиколка на градот во потрага по партнерки и партнери. Тие направија метеж на социјалните мрежи особено на апликациите за запознавање како Тиндер.

„Би сакал да запознаам млада и згодна Хрватка, немам сместување“, напишал еден од војниците. Друг помлад морнар рече дека барал сериозни жени со кои ќе се допишува, но да бидат постари од 40 години. „Има ли некоја згодна млада Хрватка која ќе сака да ми го покаже градот“, биле само некои од нивните барања на Тиндер.

Имало и такви кои барале мажи и реклами за геј популацијата.

„Јас сум маж, ги сакам сите спортови и барам атлетски и мажествени момци за забава. Немам сместување“, напишал еден Афроамериканец и офицер.

„Барам мускулести мажи. Тука ќе останам неколку дена. За почеток барам само да се допишуваме. Може и да ми го покаже градот, па заедно да одиме во градска теретана”, напишал друг војник. Сè на сè и на Американците и на Хрватите „геј им е океј“

За потсетување од 2010 година, откако Обама го потпиша законот со кој им се дозволува на хомосексуалците да служат војска, на геј војниците им е многу полесно. Сега се проценува дека ги има над десетици илјади членови.

„Конечно ќе им се овозможи на десетици илјади Американци да не мора да живеат во лага“, рече тогаш Обама. Поранешниот претседате формално го укина законот од 1993 година популарно наречен „не прашувај, не зборувај“, кој беше отфрлен од Конгресот.

Тоа му донесе голема победа на изборите.

„Време е да се затвори ова поглавје во нашата историја. Време е да се признае дека пожртвуваноста, храброста и чесноста не се дефинирани со сексуална ориентација повеќе од раса или пол, религија или вера. Време е да им се дозволи на геј Американците отворено да им служат на своите земја“, рече тогашниот претседател по историското гласање во Сенатот.

Групите за хомосексуални права велат дека законот од 1993 година, придонел да бидат отпуштени повеќе од 13.500 припадници во американската војска. Тие за целиот тој период можеле да служат војска но, не смееле да призната дека им се допаѓа човек од истиот пол, ниту пак да разговараат со други на таа тема. Ваквата практика била наречена „не прашувај, не зборувај“ и од 2010 истата е укината.

 

Share
Scroll to Top