Тинејџерката родена во затвор се запиша Харвард

Тинејџерката родена во затвор се запиша Харвард

пред 1 година

Тинејџерката која се соочи со неверојатно тежок почеток во животот кога се роди во затвор во Тексас, доби целосна стипендија за студирање на Универзитетот Харвард. Мајката на Скај Кастнер отслужувала казна во затворот во округот Галвстон кога таа се родила, а нејзиниот татко го презел старателството и ја воспитувал како самохран родител.

Младата Аурора Скај Кастнер, од Тексас, која се родила во затвор, се прослави во јавноста по завршувањето на средното училиште со највисок успех. Таа има план набрзо да започне со студии на Универзитетот Харвард. На почетокот од нејзиниот есеј за апликацијата, таа искрено напишала дека е родена во затвор, пренесува „Хјустон кроникл“.

Мајката на Кастнер забременила на 18-годишна возраст и била во затвор кога се породила. По раѓањето, малото бебенце било земено од таткото кој го израснал сам.

 

Со помош на заедницата и на нејзината менторка Мона, Аурора станала врвен ученик и иден студент со светла иднина. „Имаше нешто задоволувачко да ги имам највисоките оценки. Оценките многу ми значат“ – рекла таа. Приказната на Аурора и фотографиите од нејзиното дипломирање деновиве се вирален хит на интернет.

 

Share
Scroll to Top