Потребни состојки (за 8 порции):
250 мл слатка павлака
50 гр шеќер во прав
500 гр маскарпоне сирење
шолја црно кафе
3 лажици амарето или друг алкохол
150 гр бисквити
4 лажици какао
200 гр малини
Начин на подготовка:
Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додадете го маскарпонето. Измешајте го кафето со амаретото. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол. Подгответе сад и наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со кисела павлака и сирење и покријте со друг слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Покријте го врвот со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа.