Новото продолжение на „Невозможна мисија“ е повторно во прекин, затоа што Том Круз е заразен со коронавирус, открива анонимен извор.
„Снимањето е прекинато затоа што Том имаше позитивен тест. Откако тоа им беше објавено на екипата, тој повеќе не се појави на сетот“, открил изворот.
Тој додал дека не постои доказ дека Круз се наоѓа во самоизолација и дека неговиот тест е позитивен, но, претпоставил затоа што за глумецот се слушале многу шеги на снимањето.
„Беше иронично, баш поради тоа што Том беше причината за прекинот на снимањето“, вели изворот, потсетувајќи на инцидентот и заканите на Том Курз кон неговите вработени, за непочитувањето на коронамерките.
Засега не е познато дали Круз е вакциниран против Ковид 19, а доколку е, не постои целосна гаранција дека повторно би можел да се зарази.