Светските ѕвезди Том Круз, Хелен Мирен и Демијан Луис ќе глумат во претставата во чест на кралицата Елизабета, што ќе се прикажува во живо на британската мрежа ITV во мај. Во големата театарска претстава ќе учествуваат 1.300 изведувачи и 500 коњи. Со оваа претстава во мај ќе се одбележат 70 години од почетокот на владеењето на британската кралица.
Телевизиското шоу посветено на кралицата ќе се емитува во живо од замокот Виндзор, а во него ќе учествуваат светски познати глумци и музичари. Гледачите ќе можат да видат различни моменти од историјата од владеењето на кралицата Елизабета Прва до моментот кога Елизабета Втора е крунисана по смртта на нејзиниот татко, пишува „Варајати“. Секој чин од претставата ги одразува клучните моменти во историјата, вклучувајќи го и говорот на Тилбери од Елизабета Прва и Џејмс Први и заговорот со барут.
Хелен Мирен ќе ја глуми кралицата Елизабета Прва, а за сега не се открива кој лик во претставата ќе му биде доделен на Том Круз. За музиката ќе се погрижи оркестар од 75 членови, со специјални изведби на Кеала Сетл, Грегори и Кетрин Џенкинс.