Тренерот на Ливерпул нe го пуштаат да оди на погребот на неговата мајка

Тренерот на Ливерпул нe го пуштаат да оди на погребот на неговата мајка

пред 4 години

Германскиот тренер Јирген Клоп, кој го води тимот на „Ливерпул“, нема да оди на погребот на неговата мајка која почина на 81 година. Тој ќе остане во Англија заради мерките за безбедност од короната, а наводно, според британските медиуми, не го пуштаат ни од клубот, оти во Германија е задолжителен 14-дневен карантин на луѓе што влегуваат во земјата.

„Рестрикциите за патување наметнати од пандемијата поради коронавирусот не му дозволуваат на Клоп да ја погреба својата мајка. Доколку Клоп сака да се врати во Германија прво ќе мора да замине во 14-деневен карантин. Тоа среде фудбалска сезона е невозможно“, пишуваат медиумите.

Во меѓувреме тренерот на Ливерпул најави дека ќе организира специјална семејна комеморација, но дури кога ќе го дозволат условите тоа.

„Таа ми значеше сè. Таа беше мајка во буквална смисла на зборот. Како посветен христијанин, верувам дека таа сега е на подобро место. Не можам да присуствувам на погребот поради овие лоши времиња. Но веднаш штом околностите се подобрат, ќе одржиме комеморација“, рекол Клоп за германските медиуми.

Share
Scroll to Top