Турски милионер со сопругата добиле 21 бебе преку сурогат-мајки за една и пол година

Турски милионер со сопругата добиле 21 бебе преку сурогат-мајки за една и пол година

пред 3 години

Турскиот милионер Галип Озтурк и неговата сопруга Кристина, која е по потекло од Русија, за седумнаесет месеци добија 21 бебе преку неколку сурогат мајки. Тие велат дека сакаат да имаат 105 деца.

Кристина (24) за себе вели дека е многу ангажирана мајка, иако досега имаат потрошено 80.500 евра на 16 дадилки. Таа троши 4.700 евра месечно за бебешките работи. Двојката платила 168.000 евра за сурогат мајки од март 2020 до јули оваа година. Таа има и шестгодишна ќерка од претходната врска, па и таа живее со нив во вилата на три ката.

„Јас сум со децата цело време и ги правам сите работи што мајките обично ги прават“, вели Кристина.

Девојката раскажала дека таа и Галип (57), кој поседува ланец хотели, се решиле за сурогат мајки зашто сакале да имаат што е можно повеќе деца колку што е можно побрзо. Нивното прво дете Мустафа се роди во март 2020, а последната ќерка Џуди има само три месеци.

„Можам едно да ви кажам: никогаш не ми е здодевно. Секој ден е различен“, рекла Кристина.

Share
Scroll to Top