Вања Ѓорѓиоски од основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп освои прво место и златен медал на меѓународниот натпревар по англиски јазик Хипо, кое се одржа од 28 до 30 септември во Рим, Италија.
Тој се натпреварувал со учениците од целиот свет Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Винетнам и други земји.
„Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, Вања го освои првото место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс“, информираа од училиштето.