Ученици низ цела Македонија преку своите цртежи испратија порака за сите деца болни од рак

Ученици низ цела Македонија преку своите цртежи испратија порака за сите деца болни од рак

пред 3 години

По повод Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер, 15 февруари, Здружението САНО објави ликовен и литературен конкурс за сите ученици ширум Македонија. Ликовниот конкурс на тема “За моето другарче во болница” за основци, а за средношколците, литературен конкурс, есеј на тема “Јас сум пријател на децата во болница”.

Тие во изминатите 15 дена добиле бројни цртежу и есеи, полни со љубов, шаренило и желби за подобро здравје, кои биле пренесени на хартија. Бидејќи изборот бил преголем и одлуката била многу тешка, наместо три цртежи и есеи, од САНО, одлучиле да доделат 10 награди со помош на издавачката куќа Арс Ламина.

Селекцијата на победниците од основните училишта ја извршиле проф. д-р Ана Фрицханд, претседателката на САНО – Јелена Димовска и волонтерката Фима Трајковска етнолог.

Награди имало и за средношколците, кои на дело се покажале колку се вешти со зборови.

„Емпатијата, љубовта и надежта преовладуваа во стотиците есеи“, велат од САНО. Тие додаваат дека тинејџерите покажале како треба да се биде прав другар на децата во болница. Најдобрите биле избрани од страна на уредништвото на издавачката куќа Арс Ламина.

Во продолжение некои од цртежите кои ги испратија ученици од различни градови низ Македонија, со желби за подобро здравје за сите деца кои се борат со рак.

 

Share
Scroll to Top