Уште еден џиновски дијамант пронајден во Африка

Уште еден џиновски дијамант пронајден во Африка

пред 3 години

Џиновски дијамант од 1174 карати е пронајден во Боцвана во Африка. Каменот е најден во рудникот Карова минатиот месец и неделава беше претставен на владата.

„Ова е третиот дијамант поголем од 1000 карати кој е пронајден во ист рудник како и претходните два и сега ќе бидат собрани во вредната колекција на скапоцени дијаманти“, соопштиле од фирмата „Лукар дајмонд“.

Претходно, минатиот месец во Боцвана беше пронајден дијамант од 1098 карати за кој се верува дека е третиот најголем дијамант на светот.

Директорот на компанијата „Лукара“, Насем Лари, вели дека откривањето на дијамантите е почеток на создавање на историја, како за компанијата, така и за земјата Боцвана.

Неговата фирма во 2019 година го откри вториот најголем дијамант во историјата, тежок 1758 карати. Во моментов најголемиот дијамант Кулиан е тежок 3106 карати. Тој е пронајден во Јужна Африка 1905 година. Тој подоцна бил распарчен на повеќе парчиња, а некои од нив завршија во кралското семејство.

Share
Scroll to Top