Мајка ми шест месеци собираше 30 марки за да ми купи дуксер, Андрија Милошевиќ за лошите години во времето на војната

Мајка ми шест месеци собираше 30 марки за да ми купи дуксер, Андрија Милошевиќ за лошите години во времето на војната

пред 2 години

Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ (43) неодамна гостуваше во емисијата „Сценирање“ каде што откри некои помалку познати детали од својот приватен живот.

Тој е роден на 6 август 1978 година Подгорица. Своето детство го поминал во Никшиќ, а подоцна се преселил во Белград каде што живее и денес.

Во емисијата, тој раскажа дека детството го поминал во планините, кај баба му, каде чувале овци заедно со другарите, а веќе на 13-годшна возраст научил како да јава коњ без седло. Покрај убавите моменти одсвојот најран период од животот, тој раскажа и за лошите. Во 90-тите години од минатот век, за време на неговото детство и младоста, тоj и неговото семејство живееле во голема сиромаштија.

„Мајка ми шест месеци собираше 30 марки за да ми купи дуксер. Но, не беше тоа толку трагично. Не копнеев премногу за материјалните нешта. Туку, едноставно, ќе ти се допадне нешто, но немаш услови за тоа. Во тој период имаше инфлација и војна, но успеавме, продолживме понатаму“, вели тој.

На 16 години, почнал да работи за да обезбеди подобар живот за себе и за домашните.

„Прва година од средното образование завршив во Подгорица, а на почетокот на втора година се запишав на факултет. Додека студирав, факултативно го завршив и средното образование. Почнав да работам на 16 години. Имам 25 години работен стаж. Од почетокот имав желба да придонесувам, да работам и да се осамостојам“, вели тој.

Додека го завршувал образованието, меѓу работите кои ги извршувал за да обезбеди егзистенција за живот било доставувањето весници.

Во емисијата, тој раскажа и за неговиот однос со родителите, како и за мајка му која почина на 64-годишна возраст во 2019-тата година. За неа вели дека е хероината на неговиот живот.

„Таа беше хероина на многумина во нашето семејство и кои ја познаваа. Мајките се посебни ѕвезди на небото. Мајките треба да се чуваат и да внимаваме на нив, затоа што кога ќе си заминат, таа празнина никогаш не може да се закрпи“, вели актерот.

То додава дека без разлика на тоа колку години имаат, кога ќе ја загубат мајката луѓето стануваат сираци.

Share
Scroll to Top