Фановите ја нарекоа бившата на Ибрахимовиќ обична спонзоруша затоа што излегувала со мажи кои имаат пари

Фановите ја нарекоа бившата на Ибрахимовиќ обична спонзоруша затоа што излегувала со мажи кои имаат пари

пред 2 години

Фановите ја нарекоа бившата на Златан Ибрахимовиќ обична спонзоруша затоа што излегувала само со мажи кои имаат многу пари.  Спортската новинарка Дилета Леота која едно време излегуваше со шведскиот фудбалер, во емисија на радио која ја води со колегата Даниел Батаглија рече дека човек може да се заљуби и во лице кое нема многу пари на сметка, па наиде на непримерни коментари од фановите.

„Дали ти е срам да зборуваш такво нешто? Па ти не излегуваш со мажи кои немаат пари. Типично за една спонзоруша. Не сакам кога некој се прави тоа што не е. Сите знаеме дека сакаш само пари. Тогаш најди некој кој нема пари, па да те видиме“, и рекоа фановите.

За потсетување, спортската новинарка беше во врска со турскиот глумец Џан Јаман, а година дена излегуваше и со најпознатиот италијански боксер, Даниеле Скардина, кој рече дека раскинувањето му паднало многу тешко.

„Ја сакам. Не ја изневерив и таа е најдоброто нешто што ми се случи во животот. Само сакам да ми се врати. Подготвен сум повторно да ја освојам“, рече боксерот.

Дилета ја поврзуваа и со директорот на „Скај спорт“, Матео Мами, а многумина веруваат дека тој е причината за нејзината успешна телевизиска кариера. Долго се шпекулираше дека е во врска со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кого го запозна додека снимал реклама.

Заедно ги видоа на Сардинија во исто време кога водителката славеше роденден, а соседите рекоа дека фудбалерот неколку пати доаѓал кај неа дома. 

За потсетување Леота неодамна на „Инстаграм“ објави дека е бремена со голманот Лорис Кариус.

 

Share
Scroll to Top