Стилот на американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден стана инспирација за безбројни мемиња, од кои не можеше да се избега изминативе три дена.
На манијата со мемињата не останаа рамнодушни ни од нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид.
Популарноста на сенаторот ја искористи претходно и Град Скопје со објавата за новите клупи на 250 локации низ градот. Тие илустрираа објава на „Фејсбук“ со меме од Сандерс како седи на клупа спроти Владата.
Сандерс, пак, реши да ја искористи популарноста да собере пари за хуманитарни цели. На неговиот официјален сајт почна да продава џемпери со мемето по цена од 45 долари.
Сите приходи ќе одат за програмата „Оброци на тркала“, преку која се доставува храна на лица кои не можат сами да си купат или да си зготват.