(Фото) Гола Ејми Шумер ја покажа лузната од царскиот рез: „Мислам дека изгледа симпатично“

(Фото) Гола Ејми Шумер ја покажа лузната од царскиот рез: „Мислам дека изгледа симпатично“

пред 4 години

Глумицата и комичарка Ејми Шумер објави гола фотографија на „Инстаграм“ и ја покажа лузната од царскиот рез. Таа и нејзиниот маж, Крис Фишер, во мај 2019 година го добија синот Џан. Додека беше бремена, Ејми често објавуваше слики од тоа колку се здебелила, од стриите што ѝ се појавиле, а зборуваше и за утринската мачнина и проблемите со кои се соочува во бременоста.

„Мислам дека лузната од царски рез денес изгледа симпатично“, напиша Ејми.

Фотката доби повеќе од 450 илјади лајкови. Освен нејзините фанови, што ѝ коментираа дека и тие се горди на своите лузни од бременоста, пораки со поддршка ѝ оставија и неколку познати личности.

Share
Scroll to Top