Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој веќе некое време живее и работи во Србија, сега се врати во Македонија. Тој објави фотографија од Охрид, крајот од каде што потекнува. Кајмакоски е по потекло од Мислешево, место во близина на Струга.
Пред да се пресели во Србија, пејачот некое време живееше и работеше во Австрија. Тој долги години живееше во Виена, но се врати назад откако се пријави на шоуто „Икс фактор“ во 2013 година на кое победи во Белград.
Кајмакоски интезивно ѝ се посвети на музиката, особено во периодот во 2019 година, откако се разведе од неговата поранешна сопруга манекенката Кристина Димитријевска, со која беше во брак три години. Заедно го имаат синот Давид, за кого Даниел вели дека секогаш наоѓал време за да биде со него.
„Јас сум човек со многу обврски и приватни и деловни. И затоа секогаш морам да најдам време за работата, но и моето семејство. Морам да успеам, не само заради себе, туку и заради мојот син Давид. Би сакал еден ден гордо да каже, ете тоа е мојот татко“, изјавил Кајмаковски во едно интервју за медиумите.