(Фото) Дејвид Гета со девојка му ужива на одмор на Миконос

(Фото) Дејвид Гета со девојка му ужива на одмор на Миконос

пред 5 години

Популарниот диџеј Дејвид Гета (53) е на одмор со неговата девојка Џесика Ледон (28) на Миконос во Грција.

Тие беа случајно фотографирани додека се бакнуваат.

Пред неговата врска со Ледон, Гета беше 22 во брак со Кејти Лоб, со која има две деца. Двојката се разведе во 2014 година, а неколку месеци подоцна јавноста дозна за него и за атрактивната кубанска актерка. Многумина шпекулираа дека тоа е причината за разводот, но никогаш не беше потврдено.

Гета ја започна својата кариера како диџеј во Париз и Ибица.

Во јуни беше објавено дека продуцентската куќа „Ворнер мјузик“ ги откупила песните на Дејвид Гета за повеќе од 100 милиони долари. Гета има продадено 50 милиони плочи и собрано повеќе од 14 милијарди стримови, а соработуваше со Ријана, Бруно Марс, Џастин Бибер и бројни други музички ѕведи.

 

Share
Scroll to Top