(Фото) Ким Џонг-ун со ќерка си и сопругата на банкет

(Фото) Ким Џонг-ун со ќерка си и сопругата на банкет

пред 2 години





Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, во вторникот е виден со сопругата Ри Сол и ќерката Ким Ју Ае на прославата на 75 годишнината од основањето на Корејската народна армија. Тамошните медиуми обајвија фотографии од свечениот банкет.

На една од фотографиите Ким ја држи за рака ќерка му, додека сопругата оди покрај нив. На другата Ким Ју Ае позира стоејќи покрај татко ѝ, кој седи на маса. Експерти велат дека со тоа лидерот сакал да даде на значење на неговата наследничка.

За потсетување, ова е трето нивно јавно појавување. Ќерка му на Ким првпат е видена во јавност на 18 ноември 2022 година, за време на лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета Hvasong.





Share
Scroll to Top